Васил Христов

„Еј!“ Се поклопува со ова што се случува во нашава реалност. Сите ме прашуваат ‘како си предвидел дека ќе се случи’. Не е тоа предвидување. Не е ниту коинциденција, туку беше логичен сплет и разврска на мегаломански диктаторски режими, за кои се знае како ќе завршат. Се дуе и дуе балонот, и мора да пукне. И ќе пукне на најапсурдно глуп начин. Со тоа што, тогаш кога го снимавме филмот имав оптимистично предвидување дека ќе се случи во рок од година-две, а не да чекаме 10 години. И генерации да пропатат, и градот да го смени личниот опис.