Во 20xx, во Република ? Македонија, при една афтерпарти спиритуална сеанса во која го повикувавме духот на Александар Македонски, несакајќи го киднапиравме Премиерот. Ова е филмот за тоа киднапирање.

Во реалноста, тој, сакајќи, ја киднапираше нашата иднина.

„Еј!“ го снимивме во 2008 без никаков буџет и поддршка од тогашниот филмски фонд. Филмот настана по нашата претстава „Мара Сад“, која и покрај овациите на публиката беше тргната од репертоарот на театарот.
Како одговор на политичката цензура, наместо да западнеме во апатија голем дел од екипата на претставата – поточно околу педесетина соработници, се обединивме во неформалниот „Еј! Колектив“ и решивме да снимиме целовечерен игран филм. Филмот го снимивме за шест недели, работејќи понекогаш по шеснаесет часа дневно.
По 10 години, премиерата на „Еј!“ бизарно се поклопува со вистинското трилер бегство на Премиерот од државата.

  • KirilKorunovski
  • NikolinaKujaca
  • OliverMitkovski
  • JordanSimonov
  • IgorAngelov
  • SaskoKocev
  • DraganaKostadinovska
  • JelenaJovanova
  • GorastCvetkovski
  • AleksandarMikic
  • SofiaNasevska
  • IgorGapo
  • SlavisaKajevski
  • JelenaMijatovic
  • SonjaStamboldzioska
  • AnaKalachovska
  • AnaDanchevska
DIABOLIK in co-production with kino oko presents hey! casting
director
nela vitosevic cinematographerDusan Kardalevskimsc animator, vfx
digital effects
Denko Matevski sound
design
Darko Spasovski costume
designer
Burim Musliu production designerIlina Angelovska Original
music
Ognen Atanasovski Darko Spasovski co-writers Oliver Mitkovski Nikolina Kujaca co-producerRobert Naskov producersGoran Acevski Vasil Hristov writer
and director
Vasil Hristov